Чеферин доаѓа во Скопје: УЕФА со поддршка за ФФМ

Фудбалската Федерација на Македонија остави фантастичен впечаток во Европската куќа на фудбалот со одличната организација на европскиот Суперкуп кој се одржа во Скопје минатиот месец август, а сега овој четврток се очекува нова посета на Скопје од страна на првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин.

Освен тоа што доаѓа како резултат на дората соработка со претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, Чеферин исто така ќе присуствува и на свечената церемонија по повод отворањето на второто крило во „Куќата на фудбалот“, коешто ќе биде наменето за сместување на фудбалери од младите репрезентации кои ќе тренираат во тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Овој проект ќе и овозможи на нашата федерација да биде домаќин на претквалификациските турнири во младите категории, а во најскоро време се очекува соопштение од ФФМ со кое ќе бидат објавени дополнителни детали за капацитетите и се она што е поврзано со новитетот во македонската куќа на фудбалот.