Чартер летови Истанбул - Охрид - Истанбул од 15 април до октомври

Нова чартер линија Истанбул - Охрид - Истанбул се воведува од 15 април годинава и ќе биде активна до октомври, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Ова е договорено меѓу м акедонската компанија БТБ Тур и турската Татил Будур на  туристичката берза ЕМИТТ во Истанбул, Турција,  а аранжманите се веќе во продажба.

На берзата, пред 700 учесници од 80 земји и посетеност од над 50.000 луѓе, АППТ го претстави туристичкиот потенцијал на Македонија и ја доби наградата за најдобро организиран штанд. Наградата ја додели директорот на саемот Хаџер Ајдин.  

Тимот на АППТ оствари состаноци со тур-оператори од Турција, САД, Индија, Кина и Виетнам, додека турски тур-оператори кои досега ја немаа вклучено Македонија во својата понуда, покажаа интерес тоа да го сторат веднаш.

Glorious DMC, Acenzi Travel, Sinope Tours, Aleria Travel&Leisure, Mahima Tours, BekTravel, Perfect Teavel, Amari tour се само дел од оние кои иницираа состанок за да дознаат повеќе за Македонија, но и да дознаат за можностите кои им ги нудиме како дестинација кои би довеле до соработка.