Чај со 5 состојки кој лечи многу болести

Овој чај содржи само 5 состојки, а се верува дека лечи повеќе од 50 болести.

Потребни состојки:

Половина лажичка ѓумбир

Половина лажица цимет

1/6 лажица куркума

прстофат кардамом

500 мл вода

1 лажица мед

Начин на подготовка:

Земете 500 мл вода и ставете ја да се грее на лесен оган. Кога водата ќе проврие, додадете ги циметот и ѓумбирот. Потоа додадете ги и куркумата и кардамомот и промешајте. Оставете да врие околу 5-10 минути, а потоа да отстои и да се олади барем 10 минути. На крајот, процедете го чајот и додадете мед.

Куркума – многу познати се лековитите својства на куркумата. Тие ги намалуваат воспаленијата, помагааг во превенцијата против рак и го чуваат здравјето на срцето.

Ѓумбир – ѓумбирот ги ублажува мигрените и мачнините, има противвоспалителни својства и помага во борбата против ракот.

Цимет – Овој зачин го намалува и регулира шеќерот, ги лечи вирусните инфекции и помага против настинки, грип и кашлица.

Кардамом – Ако сакате да го спречите создавањето на крвни згрутчувања, користете кардамом. Овој зачин го одржува здравјето на крвните садови, ја подобрува циркулацијата на крвта, ги чисти бубрезите.

Медот се нарекува најздравата состојка на светот. Дава пријатен вкус на чајот и го јакне имунолошкиот систем.