Чаеви за различно расположение

Се чувствувате тажно, вознемирено или нервозно? Чајот може да го подобри функционирањето на нашиот мозок, да нè направи побудни и да ни даде енергија. Различни чаеви имаат различни бенефити на нашето здравје. Тоа е така затоа што чаевите содржат есенцијални масла, антиоксиданти, минерали и тн. кои имаат директен ефект на нашето тело и ум.

Ова се различни чаеви за различно расположение.

Сон – лаванда

Чајот од лаванда е најдобар за да се поттикне сонот. Тоа ја успорува циркулацијата, активноста на нервниот систем и ја промовира релаксацијата  која придонесува кон подобар и непречен сон.

Стрес и анксиозност

Чајот од камилица има позитивни ефекти на намалувањето на стресот и анксиозноста. Тоа ја намалува циркулацијата кон мозокот и го намалува лачењето на хормонот кортизол.

Немир

Чајот од цреши е најефективен против немирот и треперењето. Тоа го успорува крвотокот и делува како лавандата. На тој начин се чувствувате одморено и релаксирано.

Будење

Црниот чај има моќ да ве разбуди и е еден од најдобрите замени на кафето. Содржи природни стимуланти како кофеин, кои придонесуваат за будење на умот и телото.

Емоционална благосостојба

Чајот од нане е одличен за смирување и поттикнување на емоционалната благосостојба. Ако страдате од стрес, напијте се чај од нане и ќе се чувствувате подобро.

Депресија

Се чувствувате тажно и депресивно? Наместо да посегнете по таблети, напијте се чај од лимонова трева. Есенцијалните масла во лимоновата трева помагаат да се смират сетилата и да се намали стресот.

Повеќе енергија

Ѓумбирот придонесува за повеќе енергија и дава чувство на топлина и комфор. Исто, така за намалување на заморот се препорачува зелен чај. Тој користи Л теанин, кој има ист ефект како медитацијата.