Центарот на Скопје ќе стане пешачка зона

Идејата улицата Димитрија Чуповски да стане пешачка зона е стара десетина години. Тоа значи дека потегот познат како Рекорд ќе биде наменет за пешаци и за велосипедисти, а централното градско подрачје ќе се растовари од густиот сообраќај и хаосот што постојано се случува во непосредната близина на градскиот плоштад. Граѓаните имаат поделени мислења. Оние што живеат на овој потег позитивно реагираат на оваа идеја, но велат дека доста долго време таа стои во воздух и не се реализира.

Целиот концепт улицата Димитрија Чуповски да стане пешачка зона ќе се реализира откако градските власти ќе ја прошират улицата Даме Груев во булевар Проширувањето на улицата „Даме Груев“ ќе почне дури в година. Градските власти се' уште ја обезбедуваат потребната документација, а допрва треба да одлучат и како ќе го решат проблемот со зградата на „Макотекс“, чии делови пречат за непречено ширење на улицата. Откако ќе се изработи основниот проект ќе се знае и како и колку ќе се урива од зградата која се наоѓа на трасата на булеварот.

Реализацијата на проектот „Пешачка зона на улицата Димитрие Чуповски“ е тесно поврзана со проширувањето на улицата Даме Груев. Планот е да се направи пешачко сообраќајно решение од крстосницата кај „Палома Бјанка“ до крстосницата кај градската општа болница на крстосницата со булеварот Филип Втори - информираат градските власти.

Ова е предвидено во последните измени на деталниот урбанистички план за „Мал ринг“, кои општината Центар ги вметнала на барањето на градот. Доколку планот се реализира и навистина голем дел од улицата се претвори во шеталиште, Скопје ќе добие уште една атрактивна пешачка зона во центарот, од типот на улицата Македонија.