Центарот на Скопје блокиран за сообраќај

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, ги известува сите учесници во сообраќајот дека пред објектот на Собранието на Република Македонија е воведен времен режим на сообраќај.

Во овој момент исклучен за сообраќај е делот од улица 11 октомври и улица Димитрије Чуповски во двата правци на движење и тоа од крстосницата со улиците Даме Груев и Васил Главинов кај ТЦ Палома Бјанка до крстосницата со булеварот Кочо Рацин кај Зеленото пазарче, а сообраќај не се одвива ниту по улицата Филип Втори Македонски  од кај Паркот „Жена борец“ до Хотелото Холидеј Ин. ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја прилагодат својата брзина на движење на условите на патот особено ако се приближуваат кон овој потег или да изберат алтернативни правци на движење .