„Центар сака да дише“: Животот на центарци загрозен (ФОТО)

Не само што градбите одобрени од градоначалникот #Жерновски ги има на секој чекор во Центар, тие претставуваат и опасност по безбедноста на центарци, предупредува иницијативата Центар сака да дише.

„Очигледно во општината нема инспектори или ним не им е приоритет безбедноста на граѓаните на Центар. Но, за ситни бизнис-интереси тие и градоначалникот, очигледно, секогаш имаат време“, пишува во коментарот на „Фејсбук“, поткрепен со фотографии.