Акција за расчистување и дислокација на дивите пазарџии и нелегално поставените тезги околу “Зелен пазар” и пазарот “Буњаковец” започна Општина Центар.

Општина Центар, согласно постигнатиот договор, преку соопштенија и флаери ги извести препродавачите да ги дислоцираат нелегалните тезги. Беше укажано дека по ова истекувањето на законски дадениот рок, ќе следуваат и казнени мерки.

Во заедничката акција, доколку сѐ уште има лица кои ќе ја вршат оваа незаконска дејност, за дивите препродавачи ќе бидат изречени парични казни или одредена општо корисна работа, а робата ќе се одзема со казнени мерки.