Центар ќе ги чисти спомениците пред празникот 11 Октомври

Советниците на Општина Центар, два дена пред големиот државен празник за 11 октомври, ќе ги засукаат ракавите и ќе ги исчистат спомениците на хероите од Народноослободителната борба на територија на општината.

Ова го најави градоначалникот Саша Богдановиќ, на Фејсбук.

– Во очи на големиот државен празник, 11 Октомври, Денот на востанието на Македонија, заедно со советниците од Советот на Општина Центар, ќе ги чистиме спомениците на хероите од Народно-ослободителната борба (НОБ).
Ги поканувам сите граѓани и жители на општината кои сакаат да нѝ се приклучат и да бидат дел од оваа акција, денеска во 17 часот да бидат пред влезот на Општина Центар – пишува Богдановиќ.

Инаку, од иницијативата „Не биди ѓубре“ повикуваат за масовно чистење на републиката токму на денот на празникот.

– Јунаци, ќе чистиме ли у петок?!

Кога Косоварите се договориле да го чистат Косово, на терен биле над 100.000 волонтери. (10.78% од население)

Кога Словенците се договориле да искочат и у еден ден да ја средат земјата, на број биле 270.000.
Денес се најчиста земја на светот.

Ние, у Македонија се договоривме да искочиме сега, на 11 Октомври.

Своето присуство официјално го најавија Радовиш, Поинаку Битола, Росоман, Куманово, Прилеп, Гостивар, Тетово и Велес… и некои други, али по моја слободна проценка, прилично несериозни, понесени од моментот… останува да видиме.

Статусот со поканата имаше над 2.000 лајкови и не знам колку шерувања.

Ќе бидам среќна ако искочиме 1.000.

А што треба да се направи?
У петок, на 11 Октомври, у колку саат сакаш, без разлика каде си и со кого си, колку ѓубре има околу тебе, земаш сликаш “пред”, земаш рукавици и вреќа и го собираш и пак сликаш “после”.
Дури и две пикавчиња пред влез е океј да се соберат, пошто во превод, ако не сте знаеле, тоа е 100€ во неизречени казни!
Сликите ми ги праќаш мене или директно во групата
НЕ БИДИ ЃУБРЕ (оваа, со големи кирилични букви, пошто има и друга група која е на слична тема, но не е нашата, и е со мали кирилични)

Дечките од Правен, на чело со наш Умејр го направија ивентот.
Повелете. Споделете, мош некој не чул…- пишува „првата метла“ Ирена Ристиќ.