Цена како оригинал - во Македонија има еден куп фалсификувана гардероба

Македонија е преполна со фалсификувани парчиња облека и други производи, копии на оригинали, но, сепак, количината на застапеност на фалсификатите не заостанува во однос на другите земји во регионот.

Најчесто фалсификуваната стока доаѓа од Турција, но и од Кина. Турските фалсификати се најпрепознатливи по амбалажата, односно нивниот надворешен изглед, кој многу отстапува од изгледот на оригиналите, но и по цената и натписите на производите, кои се грешно спелувани. Што се однесува до кинеските фалсификати, нивното откривање, посебно кај спортските обувки, е потешко поради пакувањата во оригиналите кутии на трговските марки.

Во Македонија постојано се откриваат парчиња фалсификувани производи од кои најголемиот дел се фалсификат на трговските марки: „најк“, „адидас“, „пума“,„дизел“, „хуго бос“, „долче и габана“ и „шанел“. Најголемиот дел од фалсификуваните производи доаѓаат од увоз или транзитираат низ Македонија, а не се произведуваат кај нас.