Целосно завршена улицата „2“ во Ѓорче Петров

Целосно се завршени градежните работи на улицата „2“ која поминува покрај новата полициска и противпожарна зграда во општина Ѓорче Петров.

Општина Ѓорче Петров информира дека улицата е широка 6 метри и долга 160 метри. Изведени се тротоари од двете страни на улицата, од страната на полициската зграда со широчина од 2 метри, а од страната кон паркот тротоарот е широк 1,5 метри. Изградена е нова атмосферска канализација и поставено е и ново улично осветлување.

За овој проект, општина Ѓорче Петров од својот буџет обезбеди 4 милиони денари.