Целосно се реконструира ул."Партизански пат" во с.Драчево

Отпочнаа градежните работи за целосна реконструкција на улица “Партизански пат” во месноста Порупи во селото Драчево.

Во должина од 850 метри, ќе се работи на рехабилитација на постоечкиот коловоз кој има видливи оштетувања и надградба со слој од асфалт бетон.

Притоа ширината на постојниот коловоз од 3.50 метри ќе остане непроменета.

Градежните активности кои се изведуваат по налог на Општина Кисела Вода и се финансирани од оваа локална самоуправа, ќе се одвиваат во наредните 30 дена.