Целосно изгаснат пожарот во Бардовци

Изгаснат е пожарот што избувна вчера во попладневните часови во атарот на населеното место Бардовци. Единицата за заштита и спасување при Општина Карпош со вкупно петнаесетмина вработени излегоа на терен и ги догаснуваа т.н жаришта кои можеа повторно да се појават поради силниот ветер. Сторителот, односно изворот на пожарот не е познат, и за тоа испитува полиција.

Општина Карпош, почнувајќи од 2 септември, има отворено дежурна линија 078- 257-640, на која граѓаните на Карпош, секој ден, заклучно до 23:30 часот, можат да се јавуваат и да пријавуваат локации од каде што доаѓа чад, запален оган, или пак непријатна миризба. Локалната самоуправа со стратегиски план, во пресрет на есенските и зимските месеци во кои најмногу се чувствува загадувањето, ќе работи на превенција од загадување, и експедитивно реагирање при вакви и слични ситуации.