Двата позначајни проекти меѓу нив се изградба на училишна спортска сала во основното училиште „Гоце Делчев“ и првата детска градинка во Долно Лисиче ќе бидат реализирани доколку ја добиеме вашата поддршка.

Ова вчера помеѓу граѓаните на Долно Лисиче го истакна Ивица Коневски, кандидат за градоначалник.

Покрај изградбата на спортска сала, со што ќе се обезбедат услови за спорт за учениците од основното училиште изградбата на новата градинка со што ќе се обезбедат услови за згрижување деца од предучилишна возраст во Долно Лисиче, во програмата се предвидени и многу други проекти:

– Изградба на кошаркарско игралиште (STREET BASKET) со соодветна подлога која ќе може да се користи на сите временски услови и ќе биде соодветно осветлено, со сите потребни реквизити неопходни за овој вид спортување

– Изградба на тротоар на ул. 7 кај новиот парк во Долно Лисиче кај надвозникот со бекатон плочки

– Изградба на атмосферска канализација на дел од ул. 1 во Долно Лисиче

– Реконструкција на водоводна мрежа во Долно Лисиче (на ул.1 и краци на улица 1)

– Осветлување на патот Горно – Долно Лисиче

– Реконструкција на улиците 1, 2 и 20 во Долно Лисиче (замена на стариот слој асфалт со нов слој асфалт во должина од 1.800 м. за ул.1, 1.300 м. за ул.2 и 600 м. за ул.20)

– Обезбедување на локации за проектот „КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ И КУЌА ЗА НАД 36 години“ во Долно Лисиче по подвозникот северно од пругата со околу 200 плацеви и целосна урбанизација на просторот.

– Поддршка на Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Света троица“ во организација на КУД Гоце Марковски од Долно Лисиче по повод истоимениот верски празник.