Целосна детоксикација за само 48 часа

Следете ја нашата програма за детоксикација и за само два дена исфрлете ги сите токсини од организмот.

Чувствувате умор и недостаток на енергија, подочниците никако да ги покриете и кожата ви е сува?

Сите овие знаци покажуваат дека организмот ви е полн со штетни материи, односно токсини. Таквата состојба ве прави идеален кандидат за вирус и настинка.

Затоа, прочистете го организмот, зајакнете го имунитетот и вратете му ја потребната енергија на вашето тело. Исфрлањето на токсините се постигнува со процесот на детоксикација во која учествуваат 5 органи: бубрезите, црниот дроб, цревата, белите дробови и лимфната жлезда. На тој процес му претходи период на припрема на организмот кога треба да се јаде се помалку масна храна, месо, компир и слатки, а да се пие што е можно повеќе течности. Најделотворни се чаевите од коприва, бреза и глуварче.Се препорачува и секојдневна активност: пешачење, пливање или други вежби.

Исто така, добро е програмата за детоксикација да се спроведува два пати годишно по десет дена, но ако немате време и трпение во продолжение следи дводневна програма која е навистина практична и доколку ја спроведувате неколку пати во годината ќе имате одлични резултати.

ПРВ ДЕН

Будење: веднаш испијте 250ml млака вода

Доручек

- 1 шолја овесни снегулки со една лажичка ленено семе
– 200ml млеко или диетален јогурт
– ½ шолја свежо шумско овошје (аронија, боровинки, малини…)
– 250ml вода
– Зелен или црн чај

Ручек

- 250g ослич на скара
– Спанаќ или блитва и компир приготвени со маслиново масло (околу 1 шолја)
– 2 шолји салата (зелена салата, домати, морков, рукола) со маслиново масло и лимон
– 1 парче диња или ½ банана
– 250ml вода

Ужина

- 1 јаболко
– 180ml јогурт
– ¼ шолја семки од тиква
– 250ml вода

Вечера

- 150g туна
– 2 шолји салата со маслиново масло и лимон
– ½ шолја зеленчук зготвен на пареа
– 1 парче интегрален леб
– 250ml вода
– Чај од анасон

ВТОР ДЕН

Будење: веднаш испијте 250ml млака вода

Доручек

- 1 шолја овесни снегулки со една лажичка ленено семе
– 200ml млеко или диетален јогурт
– Зелен чај
– 1 круша

Ужина

- 1 цитрон

Ручек

- Зеленчукова супа
– 200g пилешки стек на скара
– 150g салата од краставици
– 250ml вода

Ужина

- 1 јаболко
– 250ml вода

Вечера

- Салата од рендан морков и цвекло зачинета со маслиново масло и лимон
– 1 парче интегрален леб
– Чај од коприва