Цел ден ќе бидат затворени дел од улиците во Скопје

МВР најавува дека во текот на денот ќе бидат затворени дел од сообраќајниците низ Скопје бидејќи во Судот ќе се носи пресуда за случајот Диво Насеље.

„На 02.11. 2017 год  (четврток) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи  Скопје ќе се одржи судско рочиште за настаните поврзани со „ Диво насеље“.  Од тие причини Ве известуваме дека сообраќајот на  сообраќајниците по кои ќе се спроведуваат обвинетите и сообраќајниците околу зградата на Основниот суд Скопје, повремено ќе биде пренасочен за останатите учесници во сообраќајот“ – стои во известувањето на МВР

Пресудата за овој случај требаше да биде донесена пред завршувањето на изборите но МВР побара а Судот одобри, таа да се соопшти по изборите.

Обвинетите во случајот Диво Насеље се товарат за серија тешки кривични дела по настаните во кумановската населба каде загинаа 8 полициски службеници а 37 беа повредени.