ЦАЦИБ изложба за расни кучиња во Скопје

На 10 и 11 јуни на стадионот ФЦУ(Цементарница) во Кисела Вода ќе се одржи кинелошки настан од две меѓународни ЦАЦИБ изложби на расни кучиња.

Настанот е одобрен од Меѓународната кинелошка федерација, а е во организација на Кинелошко друштво Скопје. На изложбата ќе учествуваат излагачи на кучиња од нашата земја како и од Србија, Бугарија, Косово, Италија, Грција, Англија, Шведска и други западноевропски земји.

Следните судии ќе ги оценуваат милениците: Слободан Милошевски од Македонија и меѓународните судии од Србија, Жика Стевановиќ Катунац, Девиц Ненад, Зоран Рокниц, Љубиша Николиќ од кои двајце се судии во сите категории.

Расните кучиња се натпреваруваат за меѓународните титули во убавина, работа и шампиони. И во 2017 ќе се доделува пехар за најубав шарпланинец. Исто така пехар ќе се доделува и за непризнати раси кои ќе бидат оценува надвор од официјалниот натпревар.

Пријавувањето за учество на изложбата ќе трае до шести јуни.