Бутелчани со месеци се задушуваат од прашина (фото)

Прашина и дупки. Улицата “Бутелска“ е во ваква состојба веќе пет месеци. 

Бутелчани велат дека немаат живот во населбата и здравјето им е сериозно нарушено. Најзагрижени се за децата, кои постојано имаат респираторни проблеми, како и повозрасните, бидејќи секојдневно дишат прашина.

Тамошните жители велат дека децата мора да одат во градинка, тука е и училиштето „Живко Брајковски“, кое е близу оваа сообраќајница, како и градинката.

И не е само тоа проблем, бидејќи во близината се трговскиот центар и зелениот пазар, од каде што секојдневно мораат да преминуваат преку Бутелска за да испазарат.

Фото: Нова Македонија/И.Бансколиев