Бутелчани цела зима пешачат по коловозот

Од минатото лето раскопани останаа тротоарите на улицата Бутелска во општината Бутел, а градежните работи сѐ уште не се завршени.

Жителите од оваа наслба , велат дека ги искршат возилата, а и секојдневно се соочуваат и со метеж бидејќи на двонасочната улица, возилата се движат само по една коловозна лента , бидејќи возачите ја избегнуваат раскопаната.

Жителите на населбите Бутел и Радишани велат дека секој ден мораат да вртат низ споредни улички за да излезат на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош бидејќи од дупките на главната улица претрпуваат огромни штети на семејниот буџет, за поправка на возилата.

Градот Скопје на 12.2.2019 година испрати допис до сите државни институции, претпријатија и поголеми компании, каде што се наведени сите сообраќајници и објекти на кои се предвидени градежни активности во 2019 година.

Во дописот ги потсети државните институции, претпријатијата и компаниите дека по завршувањето на градежните работи на објектите нема да бидат дозволени попречни и надолжни прекопи на сообраќајницата во наредните три години, сметано од денот на технички прием на објектот.

Поради овие причини, доколку постои потреба од поставување некакви инсталации или друг вид градежни интервенции на посочените сообраќајници, потребно е да се поднесе барање до градот Скопје за координирање на понатамошните активности.