Бугарските хотелиери ќе ангажираат работници од Македонија за летната сезона

Бугарските хотелиери ќе ангажираат работници од Украина за летната сезона на бугарското приморје.

Но, за оваа сфера потребни се професионалци со искуство во туризмот за да се обезбеди квалитетна услуга, информира телевизија Нова. Засега има потреба за сите позиции во хотелите и рестораните.

Покрај Украина, поискусните менаџери ќе донесат и кадри од Македонија. Според телевизијата, повеќето кандидати се заинтересирани само за износот што ќе го добијат за нивната работа. Минатото лето, на повеќе локации на бугарскиот брег на Црното море платите биле зголемени за околу 20 проценти.