„Бубамарите“ учеа за безбедноста во сообраќајот

Дечињата од градинката „Буба Мара“ на возраст од четири и пет години денеска учеа за безбедноста во сообраќајот на тема „Сообраќајната култура во предучилишната установа“.

Претставници од сообраќајната полиција на терен ги запознаа децата со правилата на сообраќајот, со цел уште од најмала возраст да ја подигнат нивната свест за поголема безбедност и за намалување на последиците во сообраќајот.

Исто така, преку интерактивен разговор дечињата научија како и каде на најбезбеден начин да ја преминат улицата и како да ги препознаваат сообраќајните знаци.