„Бубамарите“ добија креативни дворови за игра

Детската градинка „Буба Мара“ во текот на летниот период интензивно се подготвуваше за успешен старт на новата воспитна година.
Стручниот и воспитниот тим ги уреди дворните површини на објектите со цел да се создаде пријатна атмосфера за децата. Преку игрите децата ги развиваат своите потенцијали, вештини и можности,кои влијаат врз нивниот целокупен раст и развој.
Во уредувањето на дворните површини свој придонес даде и Општина Аеродром со донација на дрвја кои беа насадени во дворот на објектот „Сонце“ во Реонски центар - Аеродром и реконструкција на плочникот во истиот објект.Исто така, Општината донираше и клупи и канти за отпадоци.