Брзо, вкусно и лесно: Печено пилешко со шампињони

Состојки:

1кг пилешко бело месо

1кг шампињони

Сол и  бибер по вкус

Мајчина душица

1лажица брашно

5 лажици  маслиново  масло

200 мл сок од домати

200мл бело  вино

1 лажица црвен пипер

Подготовка:

Пилешкото исечете го  на помали шницли. Посолете и забиберете.

Во  тава загрејте го  маслиновото масло па ставете ги  парчињата месо да се пржат. Пржете го месото  2-3 минути  од двете страни  за фино  за заруменат.

Шампињоните исецкајте ги  на крупни  листови па додадете ги во пилешкото. Додадете го црвениот пипер. Налејте го  доматниот сок и  белото  вино и  крчкајте додека се не омекне убаво и  вишокот течност не испари.

На крај додадете лажица брашно па оставете да се готви уште 10-ина минути. Посипете со  мајчина душица и  служете топло со  компир и салата.