Брзо се поминуваат граничните премини за влез и за излез од државата- нема подолги задржувања

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

 АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.