Состојки:
- 500 мл млеко
- 2 пудинзи од чоколадо
- 3 лажици шеќер
- 100 г чоколадо за готвење
- 250 г путер
- 4 жолчки
- 200 г шеќер во прав
- лажица како во прав
- околу 600 г кекс
- околу 350 мл сварено кафе
- шлаг крема од чоколадо
- два реда темно чоколадо
Подготовка:
Во 500 мл млеко, стопете чоколадо и сварете со пудинг изматен со шеќер и малку млеко. Покријте со фолија и оставете да се олади на собна температура.
Изматете ги во пена жолчките со шеќер во прав, додадете како и мешајте на пареа околу десет минути. Оставете да се олади, па соединете со сматен путер.
Соединете ги двата фила и мешајте со миксер на голема брзина да се добие мазна и хомогена смеса. Оставете петнаесет минути во фрижидер, пред да филувате.
Кексот натопете го во ладно кафе, наредете 5x4, филувајте така четири реда кекс и три реда фил. На врвот ставете шлаг крема од чоколадо и рендано чоколадо.
Уживајте!