Во минатото беше актуелно од периферија да се дојде во градска средина, но сега се повеќе се бега назад.

Периферијата на Скопје станува се поатрактивна за жителите на главниот град. Граѓаните сакаат да избегаат од метежот на главниот град, но сепак да останат во негова близина.

Брзиот, динамичнииот и напорен живот, се повеќе ги тера скопјани, да бегаат од градскиот метеж.

На периферијата, каде што нема гужва, автомобили и галама, секој ден никнува по некоја нова викендица. Дел од нив се скромни, а некои се луксузни и модерни. Секоја со свој стил. Но, сите имаат двор, дрвца, цвеќиња и пред се чист воздух.

Ако во минатото важеше правилото, да избегаш од град во село, сега се поактуелно е да се вратиш назад.

Некои се одлучуваат остатокот од животот да го поминат на периферија, а има и такви што одат тамо само за викенд, да се одморат и да ги наполнат батериите за наредната работна недела.

По Илинден и Гази Баба, и општината Петровец е интересна за граѓаните кои сакаат да избегаат од метежот на главниот град, но сепак да останат во негова близина, како и да платат за квадарт по многу пониска цена од онаа во градот.