Брзи рецепти за кои ви се потребни само компири (фото/видео)

Кога станува збор за изборот на производ и храна за консумирање, нема поразновиден и подостапен производ од компирот.

Меѓу другото, тој е и здрав, па не е ни чудно што претставува главен дел од оброците ширум светот.

Но, понекогаш поради истиот начин на подготовка може да ви стане малку досаден.

Затоа, можете да се послужите со 5 нови идеи за подготовка предложени од Youtube каналот Brothers Green Eats.

1. Полнети компири

Сварете компири по желба и пресечете ги на половина. Извадете го внатрешниот дел од компирите и ставете го во сад. Во тава ставете алуминиум и на неа наредете ги компирите. Премачкајте ги со малку масло и ставете ги да се печат за да бидат крцкави.

На делот кој ќе го извадите, додадете малку масло, сол и бибер и направете пире. Потоа, откако ќе забележите дека компирите имаат златножолта боја, извадете ги од рерната и на нив ставете го пирето.

2. Печени компири

Она што најчесто го правите е ги ставате компирите во рерна да се печат. Но, рецептот можете малку да го надополните. Секој компир засебно завиткајте го во алуминиумска фолија.

Потоа, извадете ги, пресечете ги на половина и во средината со вилушка смачкајте дел од внатрешноста. Додадете малку масло, сол и бибер, а потоа компирот уште малку вратете го да се допече.  

На крајот, компирот можете да го наполните со кисела павлака, сечкана сланина, магдонос... Сè по желба.

3. Крокети

Изрендајте компири по желба. Додадете сол и процедете го компирот од вода. Со алуминиумска фолија направете овален калап.

Калапот ставете го во тавче со малку маслиново масло и во него ставете го ренданиот компир да се пржи.

Откако ќе се испржи долниот дел, извадете ја фолијата и свртете го крокетот на другата страна да се допржи.

4. Помфрит

Наместо да ги пржите на традиционалниот начин, исечкајте ги компирите за помфрит и ставете ги во ладно масло, па така ставете ги да се пржат. Ќе добиете убаво крцкав помфрит, а потоа додадете малку пармезан.

5. Ирски компири

Сварете млади компири и потоа малку смачкајте ги.

Така, ставете ги во тавче да се испржат и да станат екстра крцкави.

На крајот додадете малку мед и сенф од страна како додаток на компирите.