Направете вкусни и едноставни колачи за празниците кои се ближат.
Состојки:
140 гр. брашно
100 гр. шеќер
1 јајце
40 гр. мед
40 гр. рендана кора од портокал
малку сода
цимет
Подготовка:
Се топи медот и се додава шеќер и кора од портокал, па сода и јајце, цимет и брашно.
Се замесува тесто, се развлекува и се вадат облици со модли, на пример срца, елки…
Се ставаат на плех со маргарин и се печат на 180 степени додека не поруменат, а горе може да ги украсите по избор да бидат шарени со боја или чоколадо.