Брза крем супа од компир, совршена за есенските денови

Супите се совршени за постудените денови кога доаѓаат грипот и настинките. Ова е брза варијанта на супа со компир.

Потребни состојки:

1 кг. компир

1 китка магдонос

малку целер

4 чешниња лук

500 мл. вода

неколку парчиња сланина

сол и бибер

малку масло

Начин на подготовка:

Излупете го компирот и исечете го на мали коцки. Исто така, исецкајте ги и целерот и магдоносот. 

На малку масло за готвење и тивок оган, пропржете го лукот додека не пожолти. Потоа, додајте целер и магдонос па динстајте уште 5 минути. На крајот, додадете го компирот. Мешајте добро цело време.

На крајот, додадете ја водата и солта и биберот. Гответе додека компирот не биде готов. Со лажица или рачен миксер измиксирајте ја супата за да добиете фина кремаста текстура.

Сланината (по желба) исечете ја на коцки и испржете ја на тава без маснотии. Коцкичките додадете ги на крајот, при служењето на супата.

Добар апетит!