Брз пролетен ручек (посно)

Состојки:

1 чаша (300 мл) ориз

5 парчиња млад кромид

6 моркови

2 домати

400 гр зелка

250 мл соја сос

1 лажичка оригано

1 лажичка босилек

1 лажичка лут буковец (или по желба)

прстофат мелен бибер

по потреба маслиново масло

Подготовка:

1. Во тенџере со зовриена вода се става оризот да се вари. Откако ќе се свари се цеди и се мие со ладна вода за да не се залепат зрната.

2. Во друго тенџере со маслиново масло се ставаат ситно сецканите моркови, домати, млад кромид и зелка заедно со зачините и убаво се мешаат и се пржат 5-6 минути (да останат покрцкави).

3. На крај се додава соја сосот и претходно сварениот ориз, убаво се меша и се трга настарана.

* Сол не ставив воопшто бидејќи употребив поголема количина на соја сос.

* Што се однесува до зеленчукот доколку сакате да биде повеќе готвен и помек само додадете малку вода и оставете да се динста.