Наједноставен и најдобар какао колач кој ќе го јадете со сласт.

Потребни состојки:

2 шолји јогурт

2,5 шолји брашно

1 шолја шеќер

половина шолја зејтин

2 лажици какао

2 лажички сода бикарбона

За прелив:

100 гр маргарин,

10 лажици млеко

10 лажици шеќер

2 лажици какао

Подготовка:

Во чинија помешајте ги брашното, шеќерот, какаото, сода бикарбона, па додадете хо јогуртот о зејтинот. Матете со миксер неколку минути за сето ова добро да се соедини. Претурете во претходно намастен сад и печете во рерна на 200 степени целзиусови дваесетина минути. Кога колачот ќе се испече оставете го настрана да се излади, а за тоа време подгответе го преливот.

Во тенџере помешајте го какаото и шеќерот, па додадете го млекото и маргаринот и ставете на жешка рингла. Мешајте без престан додека маргаринот не се стопи и додека сите состојки не се соединат. Кој сака, може преливот да го направи и на пареа.

Кога колачот сосема ќе се излади, исечете го на коцки, прелијте и оставете го фино да се натопи. Добро е да го оставите во фрижидер некое време пред послужување.

Добар апетит.