Потребни состојки:

​1 кг брашно тип 550

2 коцки квасец

600 мл млако млеко

2 лажици шеќер

1 ½ лажици сол

100 – 150 мл масло

2 лажици оцет

​За премачкување:

​5 лажици брашно

1 ½ лажици сол

1 лажица скроб

вода по потреба

масло за премачкување

​Подготовка:

Во млако млеко издробете го квасецот, додадете шеќер и 3 лажици брашно, па кратко промешајте и оставете да се активира 10-тина минути.

​Во брашното додадете квасец, масло, оцет, сол и замесете тесто, па оставете го покриено, на топло место да се удвои.

​Кога тестото е надојдено, премесете го уште еднаш и повторно оставете го на топло да се удвои.

​Потоа од тестото кинете помали парчиња тесто и обликувајте топчиња.

​Секое топче тенко исукајте го во елипсовиден облик па свиткајте го во кифла. Кифлите редете ги во плех обложен со хартија за печење, премачкајте ги со млеко и оставете ги да се дигнат околу 10-тина минути, па потоа ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени.

​Замесете прелив од брашно, скроб, сол и вода, така да добиете малку погусто тесто за палачинки.После 7 минути печење извадете ги кифлите и со лажици истурајте преку нив од преливот, па вратете ги на кратко уште 3-4 минути да се допечат.

​Повторно извадете ги кифлите и премачкајте ги со масло, па повторно вратете ги во рерна уште малку да поруменат.

​Кифлите не смеат предолго да се печат, бидејќи во спротивно ќе бидат тврди. Извадете ги од рерна и прекријте ги со крпа 10-тина минути.