Бруцошка забава!

Студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје ги покануваат сите бруцоши на познатата ФЕИТ бруцошка забава.

Бруцошката забава се оддржува на 7-ми октомври 2016 година (петок) од 21 до 03 часот.

Оваа година, 17-ти пат по ред, поискусните студенти ќе ги пречекаат своите нови колеги и ќе ги „воведат“ во светот на забавата и студирањето.Оваа година како и секоја претходна,настанот ќе се оддржи во дворот на ФЕИТ.

На сцената ќе се појават Dj Бојан, Зад аголот, Conquering lion,Eurotrvsh,Dj Nikifor na Main Stage "High-Voltage Stage". На втората сцена "Tesla Stage", која се поставува прв пат, ќе настапуваат Metanoia,Spectrum,Contact 59 & DjVac.

Секој може да се „поднови“ со брендирана маица. Подетални информации околу нарачка на маици и саатницата на изведувачите може да се погледнете на официјалната Facebook страница https://www.facebook.com/brucoshka/ (официјалната страна на „Бруцошка на ФЕИТ“) и на официјалната страница за настанот: https://www.facebook.com/events/1241896495850142/