Бројот на невработени лица во март е зголемен за 2.000

Одјавите во Агенцијата за вработување не значат престаноци на работниот однос кај лицата, рече директорката Билјана Јовановска во Топ тема. Во врска со гужвите пред институцијата, таа појасни нема драстични промени во пријавите и одјавите што ги прават работодавачите во споредба со минатата година. Според неа, бројот на невработени за март е зголемен за 1.900-2 000 лица.

-Агенцијата нуди услуга на работодавачите да спроведуваат пријава и одјава од задолжително социјално осигурување, а тоа значи дека лицата можат да бидат пријавени за социјалното осигурување, но можат да бидат и одјавени. Едно исто лице во текот на месецот може да биде одјавено и наредниот ден да биде пријавено. Одјавата како процес се бележи и кога станува збор за мирување или неплатени отсуство од работа – појасни Јовановска.

Таа информираше дека невработените со уредба на Владата за време на вонредната состојба не мора да се пријавуваат, бидејки нив системот ги оправдува и се заштитени.