Бројките откриваат која е вашата сродна душа

Нумерологијата е универзален јазик на броевите, а секој од нас има свој личен број кој зависи од датумот на нашето раѓање. Тој го одредува карактерот на нашата личност, животните избори кои ги правиме, а воедно открива и колку сме компатибилни со некоја личност.

Личен број

Како да го пресметате?

Пример за родените на 17.12.1983

1+7+1+2+1+9+8+3 = 32

3+2 = 5

Вашиот личен број е 5.

Истото можете да го направите и за датата на раѓање на вашиот партнер, или пак личноста со која сакате да бидете.

Број 1

Лидер

Вашата сила лежи во способноста да бидете лидер. Низ вашиот живот се стремите за највисоки позиции. Амбициозни сте, храбри и имате силна волја. Силно се спротиставувате на ограничувањата и поразите во животот. Вие одите исправено, гордо и во сите нешта сакате да бидете најдобри.

Вашата слабост е во тоа дека сте тврдоглави, понекогаш и себични. Не сте склони кон компромиси што може негативно да влијае на вашиот љубовен однос. Во врските сте многу захтевни, љубоморни и нетрпеливи. Не сте создадени за да уживате во согласност со правилата и туѓите очекувања.

Компатибилни партнери: Најдобри ваши партнери се оние со личен број 3 и 5. Тие ќе ви дозволат да бидете тоа што сте, ќе ве прифатат без размислување и со нив ќе ви биде многу интересно. Со бројот 1 можете да остварите многу страствена, но и куса врска. Нежните и дипломатични личности родени во бројот 2 ќе ви бидат голема поддршка, но со нив повеќе ви оди работата, отколку љубовта.

Број 2

Посредник

Вашата сила лежи во тоа што сте насочени кон исполнување на туѓите потреби, великодушни сте и многу предадени. Лесно простувате и имате многу разбирање за другите луѓе. Вие делувате од сенка и не го сакањето ласкањето. Вие имате огромна нежна сила.

Вашата слабост е во тоа што премногу давате, а премалку барате за себе што може да биде многу исцрпувачко за вас. Можете да создадете нерамнотежа во односите со партнерот на тој начин. Сакате да играте игри и често ги манипулирате другите.

Компатибилни партнери: Хармоничен однос можете да оставете со визионерите родени под бројот 8 и хуманитарците родени во бројот 9. Со оние кои се родени под бројот 8 можете и одлично да соработувате во рамки на работата. Страствена врска можете да имате со бројот 5.

Број 3

Комуниколог

Вашата сила  е во тоа што сте многу шармантни, комуникативни, креативни и секогаш гладни за знаење. Имате магичен ефект на другите и лесно ги привлекувате луѓето во својата близина. Поседувате завидни друштвени вештини. Важно е да го изразите тоа што го чувствувате, а животот без љубов за вас е незамислив.

Ваша слабост е тоа што морате да пораснете, да се ослободите од зависноста од некои луѓе, самостојно да одлучувате и да научите да ја преземате одговорноста за своите постапки. Доза нарцизам и потреба секогаш да бидете во центарот на вниманието може да ви биде камен на кој ќе се сопнувате во блиските односи.

Компатибилни партнери: Одважноста, но и авантуристичкиот дух на луѓето родени под бројот 5 е нешто што може да ве привлече. Исто така, и интроверните и мистични луѓе родени под бројот 7. Тие едноставно ќе ве обожаваат. Бројот 2 може да ви ги прости вашите непромислени одлуки и да го згрее вашето срце со својата добрина.

Број 4

Учител

Вашата сила лежи во тоа што тежнеете кон стабилноста. Важно ви е семејството, кариерата, материјалната сигурност и топлиот дом во кој се враќате по напорниот работен ден. Го привлекувате вниманието на другите, делувате тивко и повлечено, но делувате тивко и повлечено, но и храбро.

Вашата слабост е во тоа што нерадо се впуштате во ризик, а животот често може да биде монотон и предвидлив доколку не се осмелувате да излезете од зоната на сигурноста. Имате силно чувство за морал и цврсти уверувања од кои не се откажувате без оглед на проблемите кои ги имате.

Компатибилни партнери: Бројот 1 е добар избор за вас, има цврстина и доследнсот која ја барате кај партнерот. Добар е и бројот 8, секогаш насочен кон целта, дисциплиниран и организиран, како што сте и вие самите. Така можете да изградите силен однос на доверба. За семејство и брак ви одговара личност со бројот 6.

Продолжува на следната страна...

Број 5

Љубител на слободата

Вашата сила е во тоа што сте динамични и енергични и секогаш во движење. Во врската барате емоционална стимулација и страст. Енергијата кај вас може да ги фрли на колена сите кои ќе ве засакаат. Привлечни сте и постојано барате нови искуства.

Ваша слабост е тоа што нештата ви здосадуваат многу брзо. Многу брзо губите интерес за партнерите. Ви недостасува стабилност и постојаност.

Компатибилни партнери: Личноста чиј личен број е 1 ќе ја поттикне вашата желба и љубопитност со својот самоуверен став. Заштитнички расположената и секогаш подготвената личност за компромис родена во бројот 6 е исто така, ваш одличен избор. Односот со личноста родена во бројот 5 може да биде многу страствен и секогаш интересен.

Број 6

Помагач

Вашата сила е во тоа што сте сочувствителни, одговорни, знаете да сакате и се трудите да ги разберете другите луѓе и да ги прифатите различностите. Топлината на домот, децата и семејството се ваша најголема вредност. Сакате да подучувате и да им помагате на другите, особено децата, старите и немоќни личности.

Ваша слабост е тоа што премногу сте заштитнички настроени кон оние кои ги сакате, некогаш сте дури и сомничави, претерано загрижени и склони кон чести промени на расположението. Од љубомората сте способни сешто да направите. Љубовта многу ви значи, но тешко се препуштате на отвореното срце.

Компатибилни партнери: Вие сте вистински среќници. Вие сте единствениот број што е компатибилен со останатите броеви. Вашата потреба да се жртвувате во име на љубовта е како магнет за другите. Со бројот 2 можете да уживате во размена на нежности, со бројот 9 да остварите блискост и поврзаност, а најмалку ќе се сложувате со броевите 3 и 5.

Број 7

Истражувач

Вашата сила  е во тоа што сте интуитивни, интроспективни, ,многу размислувате и секогаш сте во потрага по вистинската смисла на животот. Врзани сте за минатото, често им се враќате на бившите и не сте расположени за минливи авантури. Сакате сигурна и сериозна врска во која ќе бидете заштитени.

Вашата слабост лежи во тоа што сте несигурни и не им верувате на другите. Се отворате многу тешко и луѓето многу тешко можат да ви пријдат. Делувате дистанцирано и незаинтересирано.

Компатибилни партнери: Потребен ви е партнер кој ќе ве освои со вашиот интелект и ќе ви даде доволно простор за самотија. Креативната личност родена под бројот 3 ќе ја поттикне вашата креативност и ќе ги прошири вашите животни хоризонти, додека пак интелектуалната страна на бројот 5 ќе ве држи будни и посветени.

Број 8

Моќник

Вашата сила  е во тоа што имате високи стандарди, како во работата така и во љубовта. имате високи критериуми кои не е тешко да бидат задоволени. Реални сте, сериозни, насочени на материјални достигнувања и одлично ги проценувате другите.

Ваша слабост е склоноста кон контрола и самоконтрола, но и чувството на несигурност кое го блокира вашиот успех. Вашата опуштеност и препуштеност на животните случувања ќе ве приближи кон чувството на задоволство. Така ќе дозволите некој да ве направи среќни.

Компатибилни партнери: Со оглед на тоа дека сте склони кон доминација немате многу избор. Потрбен ви е прилагодлив партнер, а најдобро ќе се сложите со оние родени под бројот 2, но и 6 кои ќе направи се за да ве усреќи.

Број 9

Хуманитарец

Вашата сила  е во тоа што сте великодушни и тимски играчи, а семејството и саканите личности се први на вашата листа на приоритети.  Секогаш сте тука кога на вашите блиски им е потребна помош. Романтични сте, склони кон идеализирање на стварноста.

Ваша слабост  е тоа што сакате да бидете успешни во тоа што го правите, но не сте многу фокусирани и посветени и енергијата ви лета на сите страни. Склони сте кон носталгија и тешко го заборавате минатото. Не сте отворени и ја криете својата ранливост.

Компатибилни партнери ви се оние кои се родени под бројот 2 кои лесно можат да пробијат до вашето срце. Со бројот 3 можете успешно да споделувате уметничка и креативна склоност, а духовитоста на вашиот избраник ќе биде неодолива. Со личноста родена под бројот 6 можете да имате одлично разбирање и да го делите идеалистичкиот поглед за светот.