Бродвеј вечерва доаѓа во Скопје

Вечерва ресторанот Форца во Скопје ќе биде домаќин на прекрасна магична вечер исполнета со музика, специјално селектирана интернационална кујна, и разновидност од вина, пива и коктели.

Само за оваа вечер од Њујорк доаѓа еден од светски најпознатите и најбарани кларинетисти,мулти-инструменталист и композиторВаско Дуковски Магистер на Џулијард школата за музика придружуван од светски познатата американска танчерка, текстописец,актерка и пејачка Нора Фокс.Оваа фузија ќе биде надополнета од пијано звуците на џез пијанистот и композитор Васил Хаџиманов кој дипломирал на Музичкиот Колеџ Беркли во Бостон, македонскиот џез музичар, перкусионист и тапанар Виктор Филиповски кој дипломирал на Академијата за музика при Факултетот Гоце Делчев во Штип на отсекот џез музика и контрабасистот Кирил Туфекчиевски, дипломец на Универзитетот за музика и уметности во Грац, Австрија.

Посетителите преку живописната Бродвеј вечер ќе имаат можност да го почувствуваат гламурот и звуците на Њујорк додека ги уживаат вкусовите и мирисите на специјалното мени припремено од искусните кувари во ресторанот Форца.
Позади сцената на секојдневието ќе засветат облакодерите на Њујорк, ќе се чекори на црвениот килим на врвната светска музичка сцена и во неколку часовната приказна ќе бидете дел од Бродвеј.