Бркотница низ градот: Скопјанец се обидел да спречи тепачка, а завршил со тешки телесни повреди

Во обид да се избегне поголем инцидент скопјанец спречил тепачка во еден локал, но во друг локал завршил претепан со тешки телесни повреди. Вистинска бркотница се случувала вчера во главниот град, информира МВР во денешниот билтен.

Ноќеска околу полноќ било пријавено дека во Скопје во Трговскиот центар-Беверли Хилс, во угостителски објект при крај на работното време, сопственикот З.В. (50) се обидел да ја изгасне музиката, по што група гости, кои дошле малку подоцна, негодувале на одлуката на сопственикот и започнале вербална расправија со него. По расправијата Д.А. физички го нападнал сопственикот З.В., а за да не дојде до нарушување од поголем обем, И.С. (41) гостин во угостителскиот објект, застанал помеѓу лицата и сопственикот. Тогаш настанала турканица, и за кратко време од страна на групата гости биле фрлени неколку шишиња кон шанкот, по што го напуштиле угостителскиот објект.

Околу 02,30 часот, И.С. заминал во друг угостителски објект и физички бил нападнат од страна на десетина лица, меѓу кои и лица кои учествувале во нарушувањето во предходниот угостителски објект при што му се нанесени телесни повреди. Во мешаницата со неколку удари во главата бил нападнат и менаџерот на угостителскиот објект С.С. (25). После нарушувањето, напаѓачите избегале од местото на настанот.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.