Британски „Експрес“: 50 илјади граѓани ги окупираа улиците на Скопје против домашното мешање на Брисел

Десетици илјади лути протестанти ги окупираа улиците во Скопје лути на мешањето на во домашната политика на Македонија. Ова во своето последно издание го пишува угледниот британски весник „Експрес“.

Демонстрантите маршираа низ улиците во Скопје извикувајќи „Македонија, Македонија“ по одлуката на еврокомесарот Јоханес Хан да се сретне со организаторите на протестите.  Организаторите на протестот велат дека вакви или слични протести се одржуваат во вкупно 42 градови во државата, а пораки полни со револт беа поставени и долж рутатата по која се движеше високиот преставник на ЕУ.

Вакви или слични протести се случуваат веќе 21 ден на улиците во Македонија, но најмасовниот беше токму овој со повеќе од 50 илјади луѓе на улиците во Скопје. Ова на крајот го заклучува британскиот весник.