Британска или африканска компанија: Која стои позади купувањето на Скопје Сити Мол?

Скопје Инфо, вчера објави дека Balfin Group, најголемата група на инвестиции во Албанија, ја објави продажбата на Скопје Сити Мол на Hystead во Велика Британија за 92 милиони евра.

Скопје Сити Мол е во функција од 2012 година се наоѓа во урбаното подрачје на главниот град на Македонија, Скопје.  Скопје Сити Мол е првиот модерен центар во Македонија со концепт пакет кој ги обединува шопингот, забавата и општеството.

Како најголем центар од ваков вид во регионот, Скопје Сити Мол е потребен за да биде обележје на модерно Скопје и првата дестинација на светските брендови како Inditex група Зара, Massimo Dutti, Bershka и многу други во своите 130 продавници. Со повеќе од 7 милиони посетители годишно, Скопје Сити Мол е меѓу најпосетуваните трговски центри и најуспешните во Македонија.

Која компанија стои позади купувањето на Скопје Сити Мол?

Hystead Limited e компанија со седиште во Голем Лондон, основана во декември 2015 година. Според последните податоци, организациски во моментов има 6 директори и 3 секретари. Најголемиот дел од нив се со британско и австралиско потекло, но има и такви од Јужна Африка. 

Досегашната активности на оваа компанија е фокусирана на ивестиции во трговски центри лоцирани во Јужна африка со пазарна вредност од над 2 милиони евра.

Според информациите од медиумите, компанијата на почетокот на оваа година станала доминтантен сопственик на акциите во српскиот шопинг центар, Delta City и црногорскиот кој го носи истото име. Овие две инвестиции ги реализирала во партнерство со африканската групација Хипрор која е водечки инвеститор во недижности во тој дел од светот.

Тоа што е специфично за британска компанија е фактот дека информациите за оваа компанија се чуваат во тајност, далеку од очите на јавноста. Таа нема сопствена веб страна, слабо е присутна на социјалните мрежи, а во медиумите речиси да нема било какви информации за нејзините активности.

Купувањето на Скопје Сити Мол е последната од низата инвестициски активности за вложување на оваа компанија во шопинг центри ширум Европа. Засега не е познато дали станува збор за партнерска инвестиција или пак индивидуален проект на британската Hystead Limited, но се чини дека се работи за партнерско преземање во кое доминтанта улога има африканскиот партнер.

Африканска компанија - инвеститор во Скопје Сити Мол?

Хипрор е водечки ивеститор во трговски центри во Африка. Портофолиото на компанијата го сочинуваат главно шопинг центри во Субсахарска Африка и неколку во Југоисточна Европа.

Тоа што може да се дознае од корпартивната веб страна на оваа компанија е дека на локално ниво тие имаат сопственост од 100% во своите инвестиции, додека на европскиот контитент инвестициите воглавно се реализирани во партнерство со британската Hystead Limited.

При преземањето на српскиот и црнигорскиот шопинг центар, Pieter Prinsloo, првиот човек на компанијата изјави дека тоа преземање е стартиот чекор на оваа компанија на патот кон инвестициите во Европа. Се чини дека преземањето на Скопје Сити Мол е вториот чекор во таа насока.  Нивните планови за регионот се инвестиции во вредност од 1 билион евра во следните 5 години.

Инвестицијата на македонскиот пазар сеуште не е објавена јавно, но објавени се намери за вложување на нашиот пазар и пазарите во регионот.