Брилијантен трик за тестирање на парфеми

Сигурно на секој од вас му се има случено да влезе во парфмиерија со цел да одбере парфем, но по извесно време мирисите почнуваат да ви се мешаат и имате блага главоболка. 

Овој едноставен трик ќе ви помогне да ги тестирате парфемите и без проблем да го одберете вашиот омилен. 

Се што треба да направите е парфемот да го испрскате на малите тестери кои стојат во парфимериите, наместо на вашата кожа. Помеѓу два различни мириси помирисајте ја внатрешноста на вашата дланка. Зошто овој трик успева? Поради тоа што вашата кожа вам ви мириса потполно неутрално, па така помеѓу два различни мириси, мирисот на вашата кожа ви помага да го неутрализирате секое различно чувство во вашиот нос. Така ќе можете полесно да направите разлика помеѓу аромите. 

Брзо, едноставно и делотворно и веќе нема да морате со вас да носите зрна кафе кои, како што е општо познато го имаат истиот ефект.