Бреговиќ пристигна во Скопје, Лозано прв му посака добредојде!

Миленикот на македонската публика Лозано вчера прв му посака добредојде на легендарниот балкански музичар со светска репутација Горан Бреговиќ во Скопје.

Маестро Бреговиќ пристигна неколку дена порано во нашиот главен град каде го очекуваат проби со оркестарот на Македонската филхармонија, по повод концертот во петок во ВИП Арената, каде за прв пат тој пред домашната публика ќе го претстави светскиот проект “Three Letters from Sarajevo”.

Следниот ден, во сабота, на истата сцена и со спектакуларна продукција, ќе се одржи концертот на Лозано, настан што сите со нетрпение го очекуваат да се случи.

new nike air max 2019