Брат силувал сестра во Скопско

Дваесет и седумгодишен жител на скопско село ја силувал сестра си.

Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот во полициска станица П.Н. (26) од село во скопскo, пријавила дека околу пладне претходниот ден, додека била сама во куќата, одзади ѝ пришол нејзиниот брат Р.Н. (27), со рака ѝ ја затворил устата, ја соблекол и ја силувал.

После тоа ѝ се заканил дека ќе ја убие ако каже на некого. Во вечерните часови настанало расправија помеѓу жртвата, брат ѝ и нивната мајка. По расправијата, Р.Н. физички ја нападнал П.Н, а потоа земал нож и ѝ нанел расекотина на прстите од раката. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.