Брат ќе пуштам ливче вечер може ќе се посреќам

На секој чекор низ градов  може да сретнете кладилници и коцкарници кои работат 24 часа, лесна мамка за младината.Од училиште, работа, кафана во кладилница и на крај без ниту еден денар во џеб.

- На почетокот се почна како шала од 50 денари оп добивка од 2000 денари.И така пополека почнав да се навлекувам..Чекај сега ќе пишам едно јако ливче , брат може ќе се посреќам па ќе имам за одмор, кола, мотор .... Дојдов до степен да го прокоцкам имотот на своите најблиски.Тешко беше да се откажам бидејќи и најситата добивка те тера пак и пак да уплатиш, вели скопјанецот Аце од Ченто.

Луѓето лесно се поведуваа по првичната добивка и мислеа дека нема ништо полесно во животот отколку да се добива во обложувачница. Влегуваат со многу надеж, а најчесто излегуваат со наведнати глави.Заработувачката на обложувалниците е загарантирана. Обложувачите најдобро си го знаат домашниот есап. Обложувањето е директно поврзано со сиромаштијата. Колку што е беспарицата поголема, толку се зголемува надежта дека излезот е во некое уплатено ливче.Покрај мажите има и доста жени кои типуваат.

-Јас морам да си кажам сум фанатик за спорт од секогаш.Кога сум во друштво на мажи кои недоволно ме познаваат не сакам да се расфрлам со коментари, но најсмешни ми се нивните фаци кога ќе ги исправам за некоја неточна информација која "експертиве" знаат да ја пласираат.

Не сакам да играм спортска бидејќи таа нема ама баш никакви допирни точки со спортот, може да незнаеш ништо ни за тимот ни за играта ни за играчите и случајно да добиеш, или обратно да знаеш кој е повреден кој е негова замена дали односите на играчите во тимот се ок или никој со никој не зборува и пак да те "зезне една во 90минута", вели Кети од Влае.

Помислата на лесни и брзи пари може да ги привлече кон игрите на среќа, но вистинскиот проблем се јавува дури подоцна, кога страста и адреналинот целосно го совладуваат човекот.

-Cе обложувам ама поретко,најмногу имам добиено 20.000 денари.Jас од забава го правам за релаксирање.Додека татко ми и дедо ми ми се чини оболени се од уплаќање, вели Тони од Кисела Вода.

Обложувачите најдобро си го знаат домашниот есап. Обложувањето е директно поврзано со сиромаштијата. Колку што е беспарицата поголема, толку се зголемува надежта дека излезот е во некое уплатено ливче.

-Играм секој ден некогаш и по три ливчиња, со уплата од по 100, 200 некогаш 500 денари.Има најмногу добиено 70 илјаи денари.Некогаш го правам од забава  поинтерсно да помине гледањето на утакмецата , но некогаш уплаќам со намера да добија, вели Здравко од Аеродром.

 Кој е во ќар, најдобро се гледа преку парите. Во 200-те најголеми и најуспешни фирми во Македонија според приходите се најдоа дури три кладилници.

-Некогаш кришум препишувам од едни дедовци на кои кладењето им е единствена занимација и опсесија.Најголема добивка ми е околу 9 000 денри.Повеќе од 100 денари не сум уплатил никогаш, вели 14-годишниот Петар од Козле.

Ако ги прашате редовните играчи, кои по цел ден дежураат во обложувачниците, кај нив најчест збор во речникот е „наместена“. Се разбира, тоа се натпреварите чиј резултат не можеле да го погодат, затоа што, според очекувањата, требало да биде сосема поинаков. Сепак, добро упатените во овој бизнис кажуваат нешто друго. Имено, со зголемената контрола на глобално ниво, токму поради востановената практика да се сомнева во сѐ и сешто поврзано со фудбалските натпревари, големите обложувачници на светско ниво имаат изградено неколку системи на контрола и на предупредување што оневозможуваат група „мангупи“ да ги надмудрат приредувачите на игри и да испразнат нечија каса.

13,6 проценти од учениците изјавиле дека се коцкале за пари во изминатата година, каде најчесто или 16,2 процени станува збор за кладење во спортска обложувалница, 10,8 отсто играње карти, лотарија, бинго и 4,7 проценти играње на слот машини. Овие бројки покажуваат дека младите се повеќе се навлечени на игри на среќа, коцка и казино.