Босанскиот официјален јазик во Петровец

Босанскиот јазик ќе биде службен јазик во општина Петровец, која на бошњачката заедница ѝ овозможи со општинските власти да комуницира на својот мајчин јазик. Одлуката ја донел советот на општината пред неколку дена.

Политичари од Петровец ја оценуваат одлуката како историска, а заменик-градоначалникот на Петровец Елми Керими, етнички Албанец, изразува надеж дека нивниот пример ќе почне да се применува во цела Македонија, објави ТВ21.

На наредната седница на Советот на општина Петровец се очекува и официјално да се спроведат промените за статусот на босанскиот јазик во Петровец. Во Македонија засега само четири општини се тријазични, Гостивар, Врапчиште, Крушево и Чучер Сандево. Во 26 општини во службена употреба се по два  јазика, додека во 50  – статус на официјален јазик има само македонскиот.