Борко Ристовски се огласи на Фејсбук по историската победа на Вардар

Македонскиот ракометен голман Борко Ристовки кој игра за Барселона се огласи на социјалните мрежи по големата историска победа на РК Вардар во Лигата на шампионите.

Во полуфиналето Барселона загуби од Вардар, што на македонскиот клуб му овозможи влез во финалето каде „Вардарци“ го покорија ПСЖ и го освоија европското злато.

-Бевме противници на теренот, но од моментот кога Вардар го доби тој натпревар беше јасно дека моето срце ќе биде со нив во финалето. Честитки до целиот клуб и играчите за историскиот успех!!! Радувај се Македонијо имаш европски првак, пишува Ристовски на Фејсбук.