Борко ги претстави „лудите“ патики со кои ќе брани во Хрватска (фото)

Македонскиот голман Борко Ристовски со луди патики ќе брани на Европското првенство кое утре започнува во Хрватска.

Патиките специјално се дизајнирани со него, што треба да претставува дополнителен мотив за македонскиот „министер за одбрана“.

Инаку, македонската ракометна репрезентација вчера допатува во Загреб и во сабота ќе го има првиот меч на Европското првенство во Хрватска.

Стартуваме против Словенија во 19.30 часот. Се надеваме дека овие патики ќе му донесат среќа на Борко и на Македонија.