Борјанка Пешевска ќе добие водовод и пристоен тоалет

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски со екипи од општината овозможи помош на жителка на општината која во својот немаше вклучено вода. 

Овие неколку дена ќе се работи на инсталирањето на водата во домот на госпоѓа Борјанка Пешевска , а потоа заедно со донации од компаниите, ќе се постави и функционален тоалет.

- Откако ја видов објавата за Борјанка Пешевска која живее сама во трошна куќа и без вода во скопско Трубарево, со екипите на ЈКП “Гази Баба 2007” излегов на терен и прејдовме на решавање на дел од нејзините проблеми, барем оние што зависат од нас.

Во разговор со Борјанка, ни посочи дека недостатокот на вода во сопствениот дом и е најголем проблем и затоа денеска заедно со екипите на ЈКП Гази Баба 2007 започнавме со подготовка на теренот за поставување на вода до нејзината куќа.

Овие неколку дена ќе се работи на инсталирањето на водата, а потоа заедно со донации од компаниите, ќе поставиме и функционален тоалет.

Потоа ќе се реновира куќата, а во меѓувреме ќе биде соодветно згрижена за кога ќе се врати да ги има сите потребни услови за пристоен живот. Ќе и биде доделена и еднократна парична помош по основ на болест.

Борјанка беше заборавена повеќе од 10 години од сите - и од надлежните и од државата, но јас давам се од себе за да и бидат овозможени нормални услови за живот и покрај бојкотираниот ребаланс од советниците од опозицијата кои имаат советник повеќе, средства кои доколку се изгласаа ќе овозможеа без проблем лицата од ранливите категории да добиваат помош од општината.

Нема да ги оставам ниту останатите граѓани на Гази Баба на кои им е најпотребна нашата потпора затоа што сите заслужуваат нормални услови за живот - напиша градоначалникот Борис Георгиевски на својот ФБ профил.