Борбата за бесплатен паркинг во центарот на Скопје никако да запре (фото)

Скопјани никако да научат дека паркирањето во центарот на градот е строго организирано и контролирано. 

Изминатиов период  граѓаните на главиот град  диви паркинзи си имаат направено  под мостовите на реката Вардар во центарот на градот почнувајќи од мостот „Гоце Делчев“, па до мостот „Слобода“ кај „Холидеј ин“ и пешачките и велосипедските патеки под стоковната куќа „Мост“.

И покрај многуте паркинзи, кои се плаќаат  од час, скопјани ризикуваат така што може да си платат казна за непрописно паркирање како и услугата од пајак-службата.  

Фото: Фејсбук