Борбата која не можеме да ја видиме - како да им помогнеме на нашите блиски со депресија?

Замислете за момент дека сте направиле план да се видите со некој од вашите најдобри пријатели. Нов ресторан во градот, одвај чекате да отидете таму. Дури веќе и знаете што точно ќе нарачате.

Потоа добивате порака „ Навистина ми е жал, но нема да можам да дојдам. Се јавив во ресторанот за да видам дали прифаќаат гости со физичка попреченост, но тие рекоа дека кај нив не постои можност за тоа“.

Секако сте нерасположени, но не можете да им се лутите на своите пријатели. Сепак, ресторанот не нуди можност за нивните потреби и не можете ништо да направите во однос на тоа.

Сега сменете го малку сценариото.

Правите планови за истиот ресторан и возбудени сте, а потоа добивате порака „ Навистина ми е жал, но нема да стигнам на вечера. Не се чувствувам добро. Најверојатно ќе останам дома и ќе одморам.“

Тоа е она што го велат, а тоа што всушност го мислат е дека нивната анксиозност е на високо ниво тој ден. Одењето на непознато место за нив е голема борба која не можат да ја направат тој ден. Можеби земаат апче трудејќи се да си помогнат себеси, но можеби и тоа не помогнало. Можеби и размислиле да излезат и да споделат со вас како се чувствуваат, но не сакаат да ви бидат товар. Најлесно им е да останат сами и да се потрудат тоа да им помине.

Самата помисла на излегување им претставува огромен напор. Сакаат да бидат силни и расположени да излезат, но тоа е невозможно за нив.

Штом ја добиете таквата порака од нив, најверојатно ќе го сфатите тоа лично. Ќе си помислите дека не сакаат да излезат. Можеби ќе помислите дека постојано ви откажуваат и дека тоа не е фер, дека немаат време за вас.

Но, треба да знаете. Вашиот пријател со физичка попреченост нема проблем да ви го каже тоа бидејќи проблемот и попреченоста се очигледни и вие самите сте свесни за тоа, но пријателите со депресија често не го споделуваат тоа бидејќи не мислат дека ќе ги разберете. Можеби и никогаш претходно не ви споменале за тоа дека можеби се под голем стрес или депресивни. Тие се плашат од осудувањето.

Ако вашиот пријател има дијабетес и нивниот панкреас престане да лачи инсулин, нема да им судите бидејќи инсулинот им е потребна хемикалија на нивното тело. Истото е и за луѓето кои можеби земаат антидепресиви кои треба да им помогнат да го надминат дисбалансот во нивниот мозок.

Не судете, потрудете се да им помогнете. Немате поим низ што минуваат.

new nike air max 2019