Бон-Бон клуб одржан по 12 пат во Ѓорче Петров

По повод завршувањето на школската година, на стадионот „Македонски лавови “ во општината Ѓорче Петров, се одржа дванаесеттиот традиционален „Бон-Бон клуб“ на кој учество зедоа ученици од четвртите одделенија од општинските училишта.

Над 200 ученици, со помош на стручни лица и тренери, ги учеа тајните на фудбалот како спорт. На трибините на стадионот можеа да се забележат и поголем број навивачи и роднини на децата кои безрезервно ги поддржуваа учесниците, а добрите фудбалски потези од четвртоодделенците многупати беа наградувани со аплаузи.

Оваа активност е само увертира и еден вид селекција за учество на летната фудбалска школа која ќе се одржи во август годинава, а организатор на овој настан ќе биде „ОПЕН -ФАН“ фудбалската школа која секоја година одржува вакви курсеви, а се со цел осознавање на фудбалските тајни и активирање на најмладите во спортските активности кои придонесуваат за правилен духовен и физички развој.

Годинава ОПЕН –ФАН фудбалската школа ќе се одржи токму во општината Ѓорче Петров која секогаш дава целосна подршка на ваквите проекти кои промовираат спортски активности и едукација на младите за вредностите на спортот воопшто во нивниот развој.